МИСТЕРИЈА КОЈА НЕ ПРЕСТАНУВА: Чуден звук ги плаши жителите на овој град (видео)

Сподели со своите пријатели

Веќе со децении жителите на градот Таос во Ново Мексико се опседнати со мистериозен звук. Се работи за непрекинат нискофрекфентен шум кои некои го спорудваат со одалечен звук од работа на дизел мотор. Постојаната изложеност на овој звук предизвикува главоболки, несоница, непријатност, па дури и проблеми со дишењето.

Иако може да се слушне со голо уво, различни уреди за детекција на звук не успеале да го регистрираат. Во Таос доаѓале бројни истражувачки тимови за да ги откријат причините за оваа невообичаена појава, но досега никому не успеало.

МИСТЕРИОЗЕН РАДИО СИГНАЛ: Никој не знае од каде доаѓа, а се јавува секој ден (видео)

Loading...

Шумот прв пат бил приајвен во раните деведесети години од минатиот век, а професорот Џо Мулинс од Универзитетот во Ново Мексико открил дека го слушаат два одство, односно 5.000 жители на Таос. Звукот се појави одеднаш, многу е тивок, а луѓето го слушаат барем еднаш неделно.

Сведоците тврдат дека звукот се слуша посилно во мали и затворени простори како што се автомобили или куќи што дополнително допринесува за бизарност на ситуацијата.

ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР

Недостатокот на експертско објаснување за оваа појава довела до многу теории на заговор. Некои тврдат дека звукот го произведуваат вонземски активности, што дополнително се оправдува со фактот дека Таос е на само 500 километри од Розвел каде во 1947 година наводно паднал неидентификуван летечки објект.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

Други веруваат дека шумот има врска со таен проектил на американската војска која веќе правела испитувања со нискофрекфентни звуци во минатото, додека трети претпоставуваат дека е во прашање чуден природен феномен, односно проблем со слухот кај луѓето кои го слушаат.

Новите истражувања претпоставуваат дека Таосовиот шум може да биде последица на два длабокоокеански бранови со иста фрекфенција кои патуваат во различни насоки.

Необјаснивите звуци не се резервирани само за овој американски град, туку се слушаат ширум светот. Ако имате подобра опрема, шумот можете да го слушнете и на снимката подолу.