Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

Сподели со своите пријатели

Неодамна на дното на океанот бил пронајден ѓердан, поточно медалјон, кој припаѓал на една од патничките од Титаник, која во таа ужасна бродска несреќа го загубила својот маж.

Жетони за коцкање, медалјон и лисици се само некои од предметите кои биле пронајдени во куферот кој припаѓал на патничката од прва класа Вирџинија Естели Мекдовел Кларк и нејзиниот сопруг Волтер Милер Кларк.

Нивните предмети ќе бидат изложени на изложбата на артефакти во Луксор хотелот и казино во Лас Вегас по повод 105-годишнината од потонувањето ан бродот. Кларкови биле на меден месец низ Европа, па одлучиле да резервираат патување на Титаник за да дојдат дома порано, за да присуствуваат на роденденот на својот двегодишен син, истакнува Александра Клингелхофер, претседателка на изложбата.

Преживеала само Вирџинија, за жал Волетер не успеал – рекла таа.

Вирџинија подоцна раскажала дека почувствувала кога бродот удрил во ледениот брег. Нејзиниот маж играл покер во салонот, а таа веднаш дотрчала кај него и му рекла дека смета дека нешто не е како што треба. Волтер ја прекинал играта и и помогнал на својата жена да влезе во чамецот за спасување.

Чамците за спасување не беа полни. Имало доста простор, така да имало место и за Волтер ако работите се одиграле поинаку – рекла АЛександра.

Истакнува дека кога пронајдат некои предмети секогаш сакаат да ги поврзат со потенцијални патници.

Ги проверивме записите и немаше многу патници со иницијалите В.К. па утврдивме дека медалјонот припаѓал на Вирџинија мажена за Волтер Кларк од Лос Анџелес – додава таа.

Волтер и Вирџинија се запознале во Монтана додека растеле, а тој подоцна се вратил и ја оженил.

https://youtu.be/qX9SO6DpyD8

Loading...