Некаде во руските мочвари, не така далеку од Санкт Петербург се наоѓа радио емитер. Тоа инаку би бил апсолутно обичен радио емитер, еден од милионите краткобранови емитери кои ги има ширум светот. Меѓутоа овој е посебен.
MDZHB; познат и под имињата UZB-76, UVB-76 или едноставно „The Buzzer“ започнал да емитува во текот на раните седумдесети години никој не знае која е неговата намена. Сега може да го слушне секој, доволно е да има радио и да ја подеси фрекфенцијата на 4625kHz.
Нема да битете претерано воодушевени затоа што постојано се појавува истото зуење, истиот ритам секој ден и тоа цел ден, 25 пати во минута ќе го слушнете зуењето кое не престанало ниту еднаш откако во јавност изглегла информацијата за постоење на мистериозната станица. Еднаш или два пати неделно се вклучува во каналот некоја личност, зборува на руски два-три зборови и зуењето продолжува.
Научниците се обиделе да дадат некое објаснување, но ниту едно не било целосно точно. Првин мислеле дека стнаицата емитува известувања на руските шпиуни ширум светот. Посебно кога се снимени и некои имиња. Комуникацијата со шпиуните е нешто што не може сигурно да се спроведе. Дури ниту најбезбедносните канали на модерна комуникација не се целосно безбедни.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.