Кумановец ќе одговара за напад и закани кон обезбедување во казино

loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А. (27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 19.09.2017 година околу 01,00 часот, во казино на ул.“Гоце Делчев“ во Куманово, им се заканувал на присутните во казиното при што интервенирал и З.Б. службеното лице за обезбедување од Куманово, а пријавениот после вербална расправија и упатени навреди кон истиот излегол од казиното.

По кратко време, пријавениот, се вратил и физички го нападнал З.Б. со што му нанел телесни повреди во пределот на телото и главата.


Последни наслови

Facebook Comments