Кумановци ставија потпис на петицијата за измени во законот за лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово денеска со голема поддршка на акцијата на невладината организација „Инклузива“ и Дневниот центар за лица со попреченост „Порака Наша“ кои низ градот собираа потписи потребни законот за лица со попреченост да влезе во законска процедура.

Како што изјави Благица Димитровска од „Инклузива“ не очекувале толкава поддршка на иницијативата и истакна дека се потребни само уште 4.000 потписи за да законот влезе во собраниска процедура, а кој ќе може да им овозможи подостоинствен живот на лицата со попреченост.

За еден час имаме над 150 точно не ги броиме бидејќи постојано редицата тече но бројката на ниво на Македонија утрово беше 6.000 потписи. Недостасуваат уште 4.000 се надеваме дека ќе ја надминеме бројката од 10.000 потписи за да покренеме иницијатива за промена на законот.

Ние во нашата дата база имаме околу 1000 лица со попреченост но тоа не значи дека таа бројка е точна. Во истражувањето кое го спроведовме имавме интервјуа со сите инистуции, каде што никаде не постои точна бројка. Зошто е тоа така лицата со попреченост до 26 годишна возраст ги има во евиденција бидејќи користат посебен додаток над 26 се на туѓа нега каде што се и старите, болните изнемоштени лица и се губи бројката. Но според светската здравствена организација 15 проценси се лица со попреченост. Родителите покренуваат иницијатива и бараме да не слушнат и да ги вметнат нашите барања политичките партии во нивните програми а владата со доенсување на измени во законите – изјави Димитровска.

Групите од „Порака наша“ имаа мобилни тимови кои собираа потписи за иницијативата, а сите оние кои се уште не ја дале својата поддршка тоа може да го направат до 17 часот на градскиот плоштад во Куманово.