Кривична пријава за директорот и вработени во Шумско Стопанство Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (66) од с.Оризаре, општина Липково, вработен во Јавно претпријатие „Македонски Шуми“-ПШС „Куманово“ како раководител –директор, против С.С. (34), сопственик и управител на ДПТУ„СОКОЛ-АРС КОМ“ ДООЕЛ с. Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, и против Љ.Б. (43) од Куманово, вработен во Јавно претпријатие „Македонски Шуми“ – ПШС  Куманово“ како Виш соработник за продажба и набавка и С.В. (64), вработен во Јавно претпријатие „Македонски Шуми“- ПШС„Куманово“ како референт за превоз поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

В.С., С.С. и Љ.Б. му овозможиле на С.В. да се стекне со противправна имотна корист од 211 метри кубни огревно дрво од видот бука и даб, кои согласно продажните цени од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Скопје изнесуваат 680.099 денари, вредност за којашто го оштетиле Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-ПШС „Куманово“.