Кристијан нема раце и нозе, но има порака која ќе ве расплаче (видео)

loading...

Кристијан Арндт, 27-годишно момче родено без раце и нозе, благодарение на силната желба за животот и безуслувната љубов со која е опкружен, со својо хендикеп живе еинтересен и исполнет живот кој не знае за досада.

Роден е во Германија со редок тетра-амелиа синдром, поради кој нема ниту еден екстремитет, а поради состојбата го напуштиле и биолошките родители.

Планетата полуде по момчето со Даунов синдром: Растури како ја испеа Витни Хјустон (видео)

За среќа го вдомил брачен пар уште кога бил бебе. Неговата мајка Гисела секојдневно го облекува, капе, брише и храни, но покрај 24-часовната нега и асистенција, Кристијан успеал помалку да биде самостоен.

Идол му е Ник Вујичиќ, кој е роден со истиот синдром, а кој покрај болеста ги инспирира луѓето ширум светот да ги следат своите соништа.

„Ќе ги нарпавам своите родители горди“

Мајката и таткото на Кристијан му вградиле чувство дека е еднакво способен како и сите други. Не се препуштал на очајот туку се потрудил својот живот да го направи интересен, запишал факултет и студира информатика. Пишува со помш на направа која ја управува со устата, а наставата ја следи онлајн.

– Не можам да замислам да имам раце и нозе, ова сум јас и ваков ќе се борам за совјот живот и достоинство и ќе ги направам своите родители горди, вели Кристијан.

Реакција на момче со Даунов синдром за првото работно место (видео)

Поради својата состојба, Кирстијан мора четири пати годишно да оди на преглед на ‘рбетот. Поради постојаниот притисок на него, на Кристијан му се заканува сколиоза. Поради тоа често престојува во базен. Освен што му помага здравствено, водата му овозможува слобода за која толку чезнее.

Исто така, се надева дека еден ден во иднина ќе има и жена и деца.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments