Креативно табло на полуматурантите од ООУ „Толи Зордумис“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

На службената фејсбук – страница на ООУ „Толи Зордумис“ од нашиов град, се појави интересен албум на учениците од деветтите одделенија. Оваа креативна генерација, сакајќи да излезе од шаблонот на полуматурските фотографирања, направиле фото – сесија на тема: „Преку минатото, на прагот на иднината“. Во целост ги пренесуваме нивните зборови:

Деветте години поминати во училиштево нѐ научија пред сѐ да бидеме добри луѓе, со отворен ум за нови идеи и креативност во најмалите, секојдневни мигови. „Што е она што ќе го оставиме зад себе, како симбол на оваа генерација?“, ни беше прашањето на кое баравме уникатен одговор. „Микс на минатото и иднината“ – беше едногласно усвоената одлука. Директорот и наставниците ни дадоа поддршка. Професорката по македонски Наташа Пешевска и учителката Соња Стојчевска ни помогнаа да направиме фото – сесија. Со неа преку миксот од модата во 1920 и патоказот од 2017 година, покажуваме што се случува во секој од нас. Да, ние како деветтоодделенци се наоѓаме на првиот сериозен крстопат и треба да го избереме вистинскиот за нас правец од патоказот на животот. Зошто модата од 1920 година ни беше предизвик? Затоа што баш тогаш модата еволуира и во таа нова ера луѓето се ослободуваат од поранешните строги модни правила! Сѐ направивме сами: сцена, патоказ, комбинации на гардероба, избор на велосипеди… Милош Тончевски, поранешен ученик на нашето училиште, а сега матурант, ни беше уметнички фотограф. Благодарност до сите што ни помогнаа во реализација на овој проект!

Loading...

 

Нам ни останува само да им посакаме успешен упис во средните училиште! Со вакви генерации на Куманово му е загарантирана урбана иднина.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...