Крадец побогат за 350.000 денари и златен накит

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 18.06. до 25.06.2017 година во Битола, на ул.„Милан С.Петрески“, во куќа сопственост на В.В. (64), непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел 3.650 евра и поголема количина златен накит, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Непознатиот сторител со подесен алат делувал на балконската врата, по што влегол внатре и извршил пребарување по собите, каде ги пронашол парите и златниот накит, ги одзел, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.