Колку време е потребно за да ја изгориме омилената храна?

Сподели со своите пријатели

Многу побрзо консумираме калории отколку што ги трошиме, за жал.

Податоците на ново британско истражување откриваат колку време е потребно да ги изгориме калориите кои ги внесуваме со некои од нашите омилени  деликатеси.

“Количината” потребни вежби за да се лишиме од мала закуска е пропорционално на примените калории. Така на пример мораме да трчаме во текот на 43 минути за да го неутрализираме ефектот од две парчиња пица.

Колку треба да трчаме или да одиме за другите висококалорични храна и пијалаци?

– Мало шише газиран пијалок (138 калории) – 13 минути трчање или 26 минути одење.

– Пакет чипс (171 калорија) – 16 минути трчање или 31 минута одење.

– Чоколадни вафли (229 калории) – 22 минути трчање или 42 минути одење.

– Просечно големо мока (290 калории) – 28 минути трчање или 53 минути одење.

– Две парчиња пица (449 калории) – 43 минути трчање или 83 минути одење.

Пицата содржи најголемо количество калории од сета анализирана храна и додава речиси половина од препорачаната дневна количина калории за жените – 2000.

Ако консумираме дел од оваа храна во еден ден, вежбите кои треба да ги направиме за да изгориме прифатените калории, треба да се повеќе.

За да ослабнеме, најдобро е да ја избегнуваме потрошувачката или едноставно да ја ограничиме.

Leave a Reply