Колку треба да трае совршениот секс?

Сподели со своите пријатели

Повеќето жени се согласуваат дека толку минути трае одличниот секс…

Британска компанија за производство на секс играчки спровела едно интересно истражување за да дознае колку долго луѓето водат љубов.

Во ова истражување добиле резултат дека дури 4.400 испитаници имаат секс 19 минути во просек, од кои 10 минути трае предиграта.

Интересен е податокот дека секој четврти маж смета дека сексот трае премногу кратко, а се претпоставува дека причината се крие во преголемото „бомбардирање“ со текстовите дека жените уживаат во долго водење на љубов.

Вистината е поразлична, па судејќи според истражувањето, само 15 отсто од дамите би сакале сексуалните игри во кревет да траат подолго. Секоја втора жена рекла дека 19 минути секс се совршена минутажа.

Токму поради тоа, сексолозите ги советуваат припадниците на посилниот пол да се опуштат, а жените ги советуваат да уживаат во секоја минута од сексот.