Кога ќе слушнете колку пари годишно завршуваат во канализацијата во Швајцарија ќе останете шокирани

Сподели со своите пријатели

Седумдесет одсто од вкупната количина на злато секоја година се оплеменува во рафинериите во Швајцарија, а по најновото откритие би можеле да преминат и на рециклирање на отпадни води.

Експертите од швајцарскит Сојузен институт за снабдување со вода, пречистување и заштита на вода (EAWAG) утврдиле дека во канализација годишно завршуваат 43 килограми злато, во вредност од 1,5 милиони евра.

Колку навистина се заработува во Швајцарија?

Loading...

Меѓутоа, не станува збор само за накит кој паднал во ВЦ школките, туку за отпаден производ од рафинериите. По прегледување на 64 канализациони системи, научниците заклучиле дека во регионот на јужен Тичин, концентрацијата е толку голема што „има смисол да се размислува за рециклирање“.

Студијата на швајцарските научници, пишува Блумберг, не анализира само количина на злато. Во канализационите системи во Швајцарија годишно завршувале и по 3.000 килограми сребро во вредност од 1,4 милиони евра, при што станува збор за отпадни производи од хемиска и фармацевтска индустрија.