02.02.2018 19:23

КК Куманово со рутинска победа против КК Струмица (галерија)


Кошаркарите на Куманово ја оправдаа фаворитската улога на мечот против Струмица, па со резултат 93:76 ја запиша својата 10. победа оваа сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

 

 

Јасно беше уште од самиот старт дека избраниците на Александар Петровиќ лесно ќе го добијат мечот, бидејќи по само 10 минути на паркетот направија водство со резултат 28:14. Останатиот дел од играта само ја одржуваа разликата.

 

 

Веќе на полувреме кумановци заминаа со резултат 53:37 и вториот дел од средбата мина во опуштена атмосфера.

 

 

Носители на играта секако беа капитенот Марјан Јанески кој реализираше 21 поен, а со 20 мечот заврши за Адем Мекиќ. Двоцифрен број на поени впишаа и Мирко Ковач и Бобан Стајиќ.

– Им ја честитам победата на моите соиграчи, ова беше лесен натпревар, меѓутоа пристапот беше како и на секој друг натпревар. Ова сепак беше еден тренинг за нас. Што се однесува на натрепварот со МЗТ веќе покажавме дека можеме да се носиме со сите екипи, така да одиме во Аеродром на изненадување, изјави Стајиќ.

 

 

Поголема минутажа на паркетот, очекувано доби и подмладокот на тимот, па така по 5 поени впишаа Ненад и Филип Стојановски, додека Ѓорѓи Георгивски реализираше три поени.

 

 

Во составот на гостинската екипа со дабл-дабл ефект од 24 поени и 11 скока најефикасен беше Делипетров, а со 14 поени мечот заврши за Цариќ, Цветков и Арсоски.

 

 

Ова е десетта победа за составот на Куманово од досега одиграните 15. кола во Првата македонска лига, додека 13. пораз за КК Струмица.

 

 

Следниот меч кумановци го играат следниот викенд кога на гостински терен ќе се обидат да го совладаат минатогодишниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments