Како правилно да гласате?

Сподели со своите пријатели

Избирачкото ливче што ќе го добиете на гласачките места ги содржи имињата на сите 11 коалиции и политички партии, а доколку во изборната единица има припадници на некоја од другите заедници, ливчето е напишано на македонски јазик, но и на нивниот мајчин јазик.

Ова се девети по ред парламентарни зибори во Република Македонија, на кои за прв пат во избирачкиот список покрај податоцвите на граѓаните стои и фотографија од пасошот или личната карта со цел да се спречи злоупотреба и гласање во туѓо име.

Гласот ќе биде важечки само ако е правилно заокруижено името и презимето на носителот на листата или симболот на политичкиот субјект или коалицијата. Треба да го заокружите со сино хемиско пенкало. Нема да се рачунаат шриклирања, иксови и слични други симболи на избирачкото ливче. Доколку го сторите тоа ваиот глас нема да биде валиден.

На овие избори учествуваат 11 коалиции и политички партии со вкупно 58 избирачки листи и 1.092 кандидати за пратеници. Се гласа во шест изборни единици во Република Македонија, а во седмата изборна единица во дијаспората гласањето беше завршено вчера.