Како е да се биде снајперист во Сирија на еден ден? (видео)

Сподели со своите пријатели

Морав да исечам многу материјал, поради предолго траење, но и поради фактот дека некои работи не можат да бидат јавно објавени, стои во описот на видеото кое неодамна е објавено на „Јутјуб“.

Како се наведува, видеото е снимено на 22 јуни во сирискиот град Рака, а се прикажува еден ден на снајперист во борба прови Исламската држава. На главата стави камера и снимаше се.

Со денови не можевме да воспоставиме добра снајперскапозиција во Рака најмногу поради фактот дека згради во кои бевме беа премногу ниски и не ни овозможуваат доволен поглед над градот. Вистина, можевме да одиме на крововите, но на тие позиции би биле изложени на дроновите на ИСИС кои носат гранати. Ова е прва задача која ни овозможи да воспоставиме вистинско снајперско гнездо. Мојот избор за овој ден беше снајперската пушка М93 „Black Arrow“. Некои луѓе ќе забележат дека снајперот нема потребни карактеристики кои ги бара таа пушка, но морате да работите со она што го имате.

Стигнав да одредиштето околу 05:30 часот наутро и набрзина разгледав околу. Тогаш донесов опрема до позиција на која бев и претходниот ден и го наместив снајперот кон местото на кое очекував доаѓање на метата. Одалеченоста изнесуваше 1.255 метри до улицата и 1.315 метри до зградата во која се многу снајперски позиции на ИСИС. СО часови ништо не се случуваше освен што на третиот кат повремено се отвараа вратата од балконот. Испукав еден панцирен куршум во ѕид. Немам претстава дали нешто сум погодил, но вратата повеќе не се отвараа.

Тогаш испукав неколку куршуми кон можните снајперски позиции, правејќи дупки во ѕидовите на зградата пред мене. Да не го направев тоа, ќе спобудалев од самото гледање во ѕидовите по девет часа. Но, околу 16:30 часот стана интересно.

Даеш (така Сиријците ги нарекуваат борците на ИСИС) започнаа напади на нашат апозиција, пукаа кон нас додека праќаа авто-бомби кон нас. Како што се види, имав некои проблеми во најлошиот можен момент, а кога се сложив, веќе немав чиста мета, па се обидов од две позции. Но, повторно не беше добро. Еден автомобил не пројде и експлодираше, а јас го чекав другиот, затоа што обично доаѓаат во пар. ВО експлозија на автомобил загинаа девет курдски борци – опишува снајперистот.

Loading...