Илјадници пингвини угинаа од глад на Антарктикот

Сподели со своите пријатели

Само две пилиња од Аделискиот пингвин во колонија која брои дури 36.000 од овие птици на источниот Антарктик, ја преживеале сезоната на парење која експертите ја опишуваат како катастрофална, пренесува ВВС.

Пингвините умирале од глад затоа што нивните родитлеи, при необично големи количини лед во овој период од годината, морале да преминуваат големи далечини за да пронајдат храна.

Сличен помор се случи и во 2015 година.

Пингвините започнаа да бегаат од Антартик (видео)

Loading...

Групите за заштита на животните повикуваат на итна акција за да се заштити колонијата.

Светскиот фонд за природа (WWF) побарал забрана за риболов во таа област за на животните на Антарктикот, вклучително и Аделиските пингвини, им се обезбеди потребната количина храна.

Предлогот на WWF ќе биде разгледан следната недела на состанокот на Комисијата за заштита на морските суштества на Антарктикот, која ја сочинуваат 25 земји членки и Европската унија.

– Отварањето на оваа област за риболов претставува директна конкуренција на Аделиските пингвини во потрага по храна, додека се опоравуваат од две катастрофални сезони за парење во само четири години. Тоа е неразумно, предупредува Род Дауни, шеф на поларниот програм во WWF.

Комисијата затоа, како што вели, мора да одреди нова заштитена зона во водите на источниот Антарктик за да се заштити домот на пингвините.