И денеска продолжува нестабилното време со услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Денес во западните делови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процес ите ќе бидат и поинтензивни, со поо билен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужната половина од земјава, каде локално повторно има услови процесите да бидат поинтензивни. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота.

Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со за силен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.

Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до пон еделник, а во недела можен е слаб дож д.