Графити фест во Куманово

Сподели со своите пријатели

Проектот ,,Интеграција на екологија во образование’’, поточно ,,Уредеување на училишен двор’’,  предводен од  ООУ ,,Крсте Мисирков’’ Куманово  во соработка со локалните цртачи од градот ќе го реализираат Графити фестот, каде графити цртачите со помош на нивната линија, форма од букви, колорит,  ќе ги запознаат помладите и постарите  на градот со оваа вид на уметност  и  ќе ги средат дел од  ѕидовите на спортската сала на училиштето.

Главната улога на овој настан ќе ја имаат графити цртачи кои доѓаат од нашиот град во заедничка соработка со неколку уметници од Скопје, Кавадарци и Прилеп:
– ТРЕНДО
-ТАМА
-ДЕЈС
-ПИГ  ХАНДС  (ЦНД)
-ХРОМ
-ДРАШ  (ОКС)
-СРК  (ОКС)
-НЕЈМ  (ЦНД)
-КРАЈМ
-ДАРМА  (ЕБСФ)

Графит фест започнува во недела во 11 часот, а организаторите ги повкуваат сите заинтересирани кумановци да бидат дел од овој настан.

Loading...