Фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија под силни безбедносни мерки

Сподели со своите пријатели

Утревечер во 20:45 часот започнува фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија за квалификација на Светското фудбалско првенство. Натпреваорт ќе се одигра на Телеком Арената, меѓутоа од Министерството за внатрешни работи најавуваат засилени безбедносни мерки.

Во врска со одигрување на утрешниот (11.06.) меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на фудалскиот стадион “Телеком арена“ во Градскиот парк  со почеток во 20.45 часот, СВР Скопје, согласно планот за сообраќајно и физичко обезбедување, утре во периодот од 15,00 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк.

Односно ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: Бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул. “Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар – велат од МВР.