Државјанин на Албанија приведен на Граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу во 19,40 часот на Граничен премин – Табановце, на излез од Република Македонија, поради сомнение за фалсификувана патна исправа, приведен е и задржан Х.Р.(27) од Република Албанија, носител на албанска патна исправа.

При увид во патната исправа од страна на полициски службеници, констатирано дека е фалсификувана односно намерно се преправани два
штембили на страница бр.5, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 21,30 часот лицето е предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.