Дождот ќе паѓа и денес, но и претстојниот викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено предпладне и во средината на денот., информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 13, а максималните дневни од 15 до 22 степени целзиусови.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме облачно и претежно врнежливо време со максимална дневна температура од 15 степени, која во текот на ноќта ќе изнесува само 2, но тогаш врнежите веќе ќе престанат.

Во четврток и во петок облачноста ќе се намалува и ќе преовладува стабилно, претежно сончево време, но со понискиутрински температури. Нови врнежи од дожд се очекуваат за викендот, особеново во недела. До петок дневните температури ќе се во пораст, а потоа малку ќе опаднат.

 

Loading...