Денеска сончево до умерено облачно, од понеделник пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува сончево до умрено болачно време. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе се искачи до 12 степени.

Утре и во сабота ќе биде сончево со умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула (-4 до 5 степени). Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен, а во сабота во западните делови засилен југозападен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.