Денес топло и сончево, во среда пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и потопло, а во западните делови се очекува мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 21 степен.

Во вторник кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста и слаб дожд.

Локални врнежи од дожд ќе има и во среда кои ќе условат пад на дневните температури за околу  3 до 5 степени.