Денес сончево и релативно топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 13 до 17 степени.

Во Куманово и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и максимална температура од 13 степени.

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини и речни долини во ноќните и претпладневните часови.ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.

Во петок во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне се очекува локален дожд.