Црна Гора ја продава јахтата на Тито

Сподели со своите пријатели

Владата на Црнга Гора вчера на својот профил на Твитер објави декаќе ја продаде јахтата на Тито, „Јадранка“.

Јахтата која ја користел доживотниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито ќе биде понудена на аукција со почетна цена од 80.000 евра.

Loading...

Бродот е направен во бродоградилиштето Краљевица во 1977 година, а прогласен е за непотребен за државните органи на Црна Гора, се наведува во твитот.

Во коментарот под твитот, на Владата на Црна Гора и се предлага да одвои некои средства и да направи музеј од јахтата, а пда се усидри во Котор или Тиват и туристите да имаат уште една содржина повеќе да видат и да остават пари.