Цаца Николовска: Забележен одреден, но недоволен, напредок во транспарентноста на Судски совет

Сподели со своите пријатели

Може да се види одреден напредок во транспарентноста на Судскиот совет, но според нашите истражувања, се уште, е недоволна, како што тоа го бараат меѓународните документи, изјави Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права.

Мониторинг извештајот за транспарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет на Република Македонија за периодот август – ноември 2017 покажува дека биле одржани 11 седници, од кои шест отворени и пет затворени за јавноста, додека одлуките за избор на судии и претседатели се тешко достапни, а записниците од седниците не се објавуваат.

-Потребна е транспарентноста за да може граѓаните да осознаат зошто еден судија е избран, зошто друг судија не е избран. Истото се однесува и за самите судии кои може да бидат незадоволни од изборот, а едноставно не знаат зошто ако ги исполнуваат условите не биле избрани и што е причината за такво нешто, рече Цаца Николовска.

Посочи дека има зголемено разрешување на судии кои незадоволни од постапката се обраќаат во Стразбур.

-Тоа што Стразбур го најде меѓу другото е и заради таа неотчетност и транспарентност. Друга работа е независноста. Не може да има независно судство, ако во делот на избор и разрешување нема транспарентност и отчетност на органите и нема никаква одговорност во тој дел, рече Цаца Николовска.

Посочи дека овие проблеми може да се надминат ако се стават некои појаки законски обврски во таа насока и однесувањето на органите биде под надзор.

Прашана за последниот избор на Судскиот совет, Цаца Николовска рече дека постапката наспроти минатото кога била без коментари и бодувања сега има проблеми со бодовите, што значи собирањето на тие бодови и дали треба само бодовите да се гледаат или да се прави разлика меѓу бодови за првостепени судови и за повисоки судови.

Текст: МИА / фото: академик.мк

Loading...