Бегалци од Сирија останале без 3.000 евра откако непознати лица ги ограбиле

Сподели со своите пријатели

Единаесет бегалци од Сирија кои вчера пристигнале во Прифатниот центар за бегалци во Табановце, инаку сите без лични документи за идентификација, а девет од нив со грчки документи за регистрација на бегалци) пријавиле дека врз нив непознати лица извршиле разбојништво, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во разговор со полициски службеници истите изјавиле дека пред седум дена илегално влегле во Република Македонија и дека после два дена пешачење, на точно неутврдено место, биле пресретнати од седум непознати лица, кои со закана со пиштоли и ножеви, на осуммина од нив им одзеле вкупно 2.920 евра.

По извршениот разговор бегалците биле сместени во Прифатниот центар за мигранти во Табановце, а од полцијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.