Анкета: АФД првпат пред социјалдемократите

Сподели со своите пријатели

Според резултатите од најновата анкета германската партија Алтернатива за Германија (АфД) првпат во историјата е пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД), кои треба да владее во коалиција со Ангела Меркел.

Резултатите од анкетата на Институтот „Инса“ за германскито дневен весник „Билд“ покажуваат дека АфД има 16 отсто поддршка, што е за еден процент повеќе од претходното истражување на јавното мислење, со што десничарската партија е пред втората по големина партија во Германија СПД, која има поддршка од 15,5 отсто од испитаниците. СПД има еден процент помалку во споредба со претходната анкета.

Веќе неколку недели се намалува разликата помеѓу АфД и најстарата германска партија. Од друга страна конзервативната партија Христијанскодемократска партија (ЦДУ) на канцеларката Меркел и нејзината сојузничка баварска Христијанскосоцијална унија (ЦСУ) ги зајакнаа своите позиции за 2,5 отсто односно имаат по 32 проценти поддршка.

Демохристијаните и социјалдемократите заедно имаат 47,5 отсто од гласовите, што не е доволно за да имаат мнозинство во Парламентот во случај на ново гласање. ЦДУ и СПД се подготвуваат да формираат коалициска влада, ако социјалдемократите го одобрат договорот. Околу 464.000 членови на СПД утре ќе почнат да гласаат по пошта, а резултатите се очекуваат на 4 март.

Падот на поддршката за СПД би можел да поттикне одобрување на нова коалициска влада, а доколку одбијат, тоа најверојатно би значело предвремени избори. СПД на изборите во септември освои 20,5 отсто од гласовите, што е нејзин најлош резултат по Втората светска војна. Социјалдемократите продолжуваат да ја губат поддршката, додека екстремната десница на изборите освои 13 проценти од гласовите и понатаму бележи раст на рејтингот.

Анкетата е спроведена од 16 до 19 февруари при што се испитани 2.040 луѓе. /МИА

Leave a Reply