11.03.2018 18:51

17-годишен пешак тешко повреден на патот Куманово – Скопје

loading...

Вчера околу 13.45 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(64) од Куманово, удрило во 17- годишен пешак од село Орланци, општина Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни попвреди се здобил пешакот кој со друго возило бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде како итен случај е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments