Зошто сите часовници во рекламите покажуваат исто време? (видео)

Сподели со своите пријатели

Дали сте забележале еден интересен факт додека ги гледате рекламите за часовници? На секој часовник стрелките покажуваат исто време.

Доколку не сте, од сега ќе обрнете внимание на тоа дека скоро во секоја реклама за часовници стрелкит есе наместени на 10 часот и 9 минути. Во некои случаи постои разлика, па стрелките се наместени на 10 часот и 10 минути.

Причината зошто баш овие бројки се крие во маркетингот. На овој начин најдобро се истакнува марката на часовникот, пишува „New York Times“. Кога подобро ќе погледнете, ќе забележите дека марката на часовникот скоро секаде се наоѓа во горниот дел, а вака наместените стрелки додатно го истакнуават тоа.

Осве тоа, вака поставените стрелки прават форма слична на насмевката на лицето па предизвикува позитивно чувсто кај купувачот, или барем така велат маркетинг експертите.