Зошто мажите припаѓаат од мала настинка, додека жените можат да исчистат цела куќа?

Сподели со своите пријатели

Се чини дека има малку вистина во секоја шега! Знаете колкумина на шега велат дека жените кога се болни, т.е. настинати или слично, можат да ја чистат куќата од под до плафон, а мажите кукаат како некој да им ја кршил секоја коска во телото?

Loading...

Токму поради таа причина, што и кога ќе настинат може или мора да функционира како се да е во ред, жените го доживуваат кукањето на мажите како, да речеме, да се тресат од треска, како претерување и барање на внимание.

Сепак, научниците утврдиле дека мажите со настинки навистина имаат поизразени симптоми од жените!

Едно од објаснувањата за тоа е дека мажите имаат повеќе температурни рецептори во телото, а исто така, научниците велат дека хормоните можат да придонесат за оваа разлика во симптомите.

Истражувањата покажале дека грипот предизвикува посилен имунолошки одговор кај жените благодарение на естрогенот, поради што тие генерално имаат поблаги симптоми од мажите.

Со други зборови, можеби не кукаат без причина, туку навистина имаат поизразени и посилни симптоми…