Зоран Заев е во беровско Будинарци, го прекина одморот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев го прекина одморот и се врати во Македонија, а утринава е во беровско Будинарци каде беснеат големи пожари.

Loading...

 

 

– Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, вели Заев.

 

 

Loading...

Тој упати благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

 

 

– Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, стои во објавата на Заев.

 

 

Loading...

И од СДСМ информираат дека Заев е во беровско Будинарци, во Малешевијата, како што додаваат, со граѓаните, пожарникарите, полицајците, доброволците, војниците.

 

 

– Од која плажа пиромански статуси пишува Христијан Мицкоски? Сите солидарно се вклучени во гасањето на пожарите само Мицкоски седи на страна и ги омаловажува напорите на сите кои учесвуваат во гасањето на пожарите, стои во партиската реакција.

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply