ЗНАЦИ ДЕКА ВЕ ИЗНЕВЕРУВА: Приватен детектив зборува за ЖЕНСКАТА ИНТУИЦИЈА

Сподели со своите пријатели

Ако сте во брак или во долга врска и се чини дека вашиот партнер ве изневерува, веројатно сте во право. Дури и кога нема доволно докази за да го потврдите вашиот сомнеж, ако сте жена и вашата интуиција сугерира дека вашиот партнер ви чука со рогови, големи се шансите дека тоа навистина се случува.

Loading...

 

 

Приватниот истражувач Дејвид Кинг вели дека женската интуиција е точна во 80 проценти од случаите.

– Секогаш би се потпрел на женската интуиција – вели тој.

Ова се знаците што треба да ги внимавате доколку се сомневате дека вашата подобра половина „шета“ на страна

Промени во секојдневните навики

Loading...

Иако се смета дека жените повеќе изневеруваат, Кинг вели дека бројките се приближно еднакви. Се повеќе жени ги бараат неговите услуги откако забележале некои промени во однесувањето на нивните мажи. Според него, партнерот изневерувач покажува промени во однесувањето, а тоа е, пред сè, поврзано со изгледот.

 

 

Сомнителна употреба на телефон

Овој експерт вели дека технологијата го смени полето на дејствување кога станува збор за брачно неверство. Големи се шансите неверниот сопруг да остави траги на неговиот мобилен телефон.

– Може да видите пораки кои ви се чинат чудни или се од непознат број за вас, и изгледаат прилично интимни. Можеби вашиот партнер започнал да го крие својот мобилен повеќе од порано или поставил лозинка, а досега не му требала – предупредува Кинг.

Изразување лутина без причина

Loading...

Кинг вели дека не се осмелува да ја коментира психологијата на неверните партнери, но посочува дека честопати имал слушнато од жени дека одеднаш станале пречувствителни и лути без добра причина. Кога се чувствуваат виновни, мажите се склони кон изливи на гнев, што исто така им дава причина да ја напуштат куќата.

 

Leave a Reply