Значително намалени казните за царински прекршоци

Сподели со своите пријатели

Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон. Истите се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РСМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година, а се во насока на:

Loading...

– имплементирање на новото законско начело на пропорционалност,

– пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, со  определување на неколку квалифицирани облици на секој од овие прекршоци,

– систематизирање на царинските прекршоци во 2 основни групи: тешки прекршоци, кои се со фискални имликации, односно се поврзани со избегнување на царинската контрола и надзор и/или со избегнување на плаќање на пропишаните увозни давачки, и лесни прекршоци кои се поврзани со пропуштање на рокови или со неисполнување на обврски кои главно се без фискални импликации,

– јасно разграничување на прекршоците кои преоѓаат во надлежност на основните судови, од оние кои и понатаму остануваат во надлежност на Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа, и

– пропишување на нова постапка на порамнување со издавање само на прекршочни платни налози (повеќе нема издавање на мандатни платни налози).

Подетално за најновите измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон на следниот линк.

Leave a Reply