ЖРК Куманово го декласираше Кузман Вардар со дури 39 гола разлика, Граматова блесна на теренот

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово убедливо славеа над Кузман Вардар во рамките на третото коло од домашниот женски шампионат, откако на гостински терен ги совладаа со 14:53.

Loading...

Доминацијата кумановки ја покажаа уште во првиот дел од средбата кога постигнаа дури 29 голови, наспротив деветте на домаќинот со што натпреварот веќе беше добиен и требаше рутински да се сведе до крај.

Токму од тие причини шанса да играат добија сите ракометарки, а голем дел од нив постигнаа и голови.

Граматова Пена со  11 голови беше најефикасен играч, по 10 погодоци имаат Ива Димитриевска и Тамара Боризовска, девет има Матеја Јовановска, шест голови има Сузана Зечевиќ, три има Ана Марија Димитривсоак, а со по два гола мечот го завршија Јована Кирпијановска и Јована Живковска.