Жители на Косово и Грција приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Жители на Косово и Грција вчера и завчера биле приведени на граничниот премин Табановце во два одвоени случаи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Завчера околу 22.00 часот од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје.

А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 11.50 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен П.С.(23) од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило „јагуар“.

П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply