Жител на Слупчане ќе одговара за криумчарење и царинска измама

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четири годишен жител на липковско Слупчане ќе одговара за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(24) од с.Слупчане, Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист во Р.Северна Македонија внел патничко возило „мерцедес бенз“ со швајцарски национални ознаки со вкупна проценета вредност од 4.266 евра, а не било пријавено за увоз со избегнување на царинска контрола и плаќање на давачки со вкупна вредност од 116.355 денари, со што го оштетил буџетот на Р.Северна Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply