„Жени пред нервен слом“ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Жени пред нервен слом“ во изведба на Театар „Комедија“ од Скопје вечерва е на репертоарот на 22то издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Станува збор за претстава според текстот на Педро Алмодовар, а под режисерска палка на Иван Лео Лемо.

Во претставата играат: Жаклина Стевковска Дрнасин, Ева Скендеровска, Миа Катарџиева, Кристина Ласковска, Марина Поп Панкова, Едмонд Сотир, Александар Вељановски, Илија Илиоски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Дритон Вејсели, Тони Денковски и Ема Давчева.

Leave a Reply