Жена живеела со 800 стаорци, сега бараат кој да ги вдоми

Сподели со своите пријатели

Љубител на глодари живеела со 800 стаорци во нејзината куќа во западната германска сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, но интервенирала ветеринарната служба.

Loading...

Минатата недела ветеринарниот институт на таа сојузна држава ослободи 400 животни од нејзиниот дом во близина на градот Алтенкирхен.

Ветеринарите во вторникот спроведоа нова операција и ослободија уште 400 животни. Изгледа дека нема да застанат тука и има уште животни за спасување.

Портпаролот на ветеринарната инспекција за тој реон изјави дека добиле пријава од соседи кои се пожалиле на смрдеата.

Тој објасни дека властите постапиле со претпоставка дека жената е зависна од „собирање животни“.

Жената јасно верувала дека ги има работите под контрола и не сфатила дека таа всушност не управува со ситуацијата.

Засега истражителите сѐ уште не одлучиле дали ќе поднесат пријава против жената.

Германското здружение за заштита на животните и други сродни групи се грижеа за нејзините стаорци и им обезбедија ветеринарна нега.

Loading...

Тие бараат да најдат посвоители низ цела Германија.