Жена покажа како изгледа бегството од Украина со мачка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

ТикТокерка @kisalisa46 е една од милион и пол луѓе кои ја напуштиле Украина. Таа побегна во Полска со својата мачка, а нивното патување го сними и го објави на ТикТок.

Loading...

Таа ги спакувала своите основни потреби во куфер и со својата мачка се упатила кон автобусот со бегалци. Мачката најмногу спиела во текот на возењето, но и расположила еден мал патник кој седел пред нив.

По два дена стигнале до границата со Полска. Таму застанале во долга редица за да влезат во земјата. На крајот се гледа дека мачката и нејзиниот сопственик влегле во Полска и се населиле во Краков.

Видеото трогна многумина. Полјаците ѝ посакаа добредојде и ѝ рекле да се јави ако и треба помош, додека други и се заблагодариле што не го оставила нејзиното милениче во земјата зафатена од војна.

 

https://www.tiktok.com/@kisalisa46/video/7071214960579267846?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id7052228118732375557