Жена нападната од невенчаниот сопруг во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишна девојка од Куманово пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг во домот во Куманово.

Loading...

– На 22.10.2023 во 20.30 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 06.00 часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски