Земјотрес со јачина од 5,3 степени погоди делови од Мексико

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди делови од Мексико, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Loading...

Епицентарот на земјотресот во понеделникот вечерта бил во близина на пацифичкото одморалиште Пуерто Ескондидо, во јужната држава Оахака, јавува Ројтерс.

Поради активирање на сеизмичкиот аларм, дел од жителите превентивно беа принудени да ги евакуираат зградите.

Набргу по земјотресот, властите на сојузната држава Оахака соопштија дека од земјотресот не е предизвикана материјална штета, а властите во блиските градови Морелос, Пуебла и Мексико Сити, исто така, ја отфрлија можноста за штети.