Земјотрес ја погоди Полска

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачија од 4,8 степени по Рихтеровата скала регистиран е околу 80 километри од градот Вроцлав во Полска, јавува независната научна организација ESMC.

Земјотресот се случил околу 12:15 часот по локално време, со хипоцентар на длабочина од два километри.

Според наводите на ESMC, земјотресот траел околу пет секунди, а потресите биле почувствувани и во градот Глогов, околу 90 километри од Вроцлав.

Во непосредна близина на хипоцентарот на земјотресот се наоѓаат градовите Полковица и Гребочица, а засега нема информации за штети и повредени.