Земени брисеви за тестирање од 63 лица во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и три лица од Куманово денеска дале примерок за тестирање за присуство на коронавирус, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Во текот на вчерашниот ден епидемиолози од Центарот за јавно здравје Куманово направиле интервјуа и ги анализирале првичните и секундарни контакти во врска со починатата пациентка, при што позитивни се пет лица, рече министерот.

– Детално е анализирано и семејството во смисла на контакти и релации во однос на патувања во странство, контакти со луѓе во странство имајќи предвид дека резултатите се чекаат во текот на денот, а земени се вкупно 63 бриса од 63 лица, како медицински персонал во болницата, така и членови на семејството, согласно резултатите ќе се направи план за работа на целата болница, во однос на функционирање на одделенијата, изјави Филипче.

Сепак, и денеска се разидуваат информациите на министерот и директорката на кумановската болница. Тој вели дека се заразени двајца лекари и една медицинска сестра, додека според директорката Снежана Захариева има уште една медицинска сестра кај која е потврдено присуство на вирусот.

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply