Зеленски: Русите планираат терористички напад врз нуклеарката. Кремљ: Тоа е лага!

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска на Телеграм дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија размислува да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје, што би вклучувало ослободување на опасна радијација, пишува Гардијан.

Loading...

На ваквата изјава на Зеленски веднаш реагираше Кремљ, наведувајќи дека тоа е „уште една лага“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков додаде дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) штотуку ја посетиле нуклеарната централа и „дадоа највисоки оценки“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.