Зеленски: Никој не е безбеден додека Русија не биде поразена

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно“ додека Русија не биде поразена и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна.

Loading...

„Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против русизмот“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Како што пренесува Индекс, Зеленски додал:

„Тоа мора да биде судење на оние кои уништуваат животи и луѓе, кои истрелуваат ракети врз музеите и наведувани бомби врз црквите. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, најави Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.