Зеленски: Мора да ја преживееме оваа зима…

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена сезона, апелираше на истрајноста и издржливоста на Украинците.

Loading...

– Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас, да ги направи зимскиот студ и маката дел од неговиот терор – рече Зеленски во редовната видео порака.

– Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, без разлика колку е сурова. Да се ​​издржи оваа зима значи да се издржи се – рече Зеленски.

Русија има предност во ракетните и артилериското оружје, посочи украинскиот претседател.

– Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација – нагласи Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.