Здружението „Let’s Spread Love“ со голема хуманитарна акција за Велигден

Сподели со своите пријатели

Здружението „Let’s Spread Love“ од Куманово организира голема хуманитарна акција за ранливите категории граѓани во пресрет на празникот Велигден.

Loading...

 

 

Храна, гардероба или финансиски средства се потребни за хуманитарната акција која има за цел за големиот христијански празник Велигден на ранливите семејства и граѓани да им обезбеди оброк и трошка надеж за подобро утре.

– Велигден е голем  ден. Ден кога се шири љубов и кога сите дечиња заслужуваат да бидат среќни, сити и насмеани. Секој од нас може да донира барем мал дел од својата трпеза, бидејќи раката која дава не се суши. Затоа пружи рака таму кај што ти ја бараат и ќе ја добиеш кога ќе ти биде потребна. Всушност ова е суштината на овој празник. Да се сплотиме и да ја пробудиме светлината во нас. Да делиме, да љубиме, да се гушнеме, да зрачиме со позитива…Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот. Почни од себе, почни од денес, стои во пораката на здружението.

 

Loading...

 

Од „Let’s Spread Love“ ги повикуваат и граѓаните, но и сите општествено одговорни компании да донираат храна, облека или пари кои панатаму ќе бидат доставени до оние на кои им е најпотребно.

Здружението досега има помогнато со акции за дечиња од интернатот во селото Драгоманце, помош за над 50 социјално загрозени семејства, а организирани се и акции за Божиќ, Нова година, Велигден, Рамазан. Донации се обезбедени и за Домот за слепи и деца со посебни потреби, , самохрани мајки, а неколку акции се организирани и во Струмица.

 

 

Во кратки црти, велат од здружението, помош доставуваат за луѓето заборавени од системот.

– Се трудиме здружението да се шири и во други градови, но и да имаме можност и средства да помагаме на дечиња за операции. Голема благодарност за сите луѓе и општествено одговорни компании кои учествуваа досега во нашите акции. Упатуваме повиксите хумани луѓе и компании да се приклучат и во нашите идни проекти.

Loading...

 

 

Здружението може да го контактирате на бројот 070 278 955 и на социјалните мрежи, а сите хумани граѓани може да уплатат и средства на следната жиро сметка: UNI BANKA 240140117795173 / IBAN : MK07240140117795173.

Никола Ивановски