Здравјето на Бритни Спирс загрозено, нејзиниот адвокат бара итна СУСПЕНЗИЈА, се чека одлуката на судот

Сподели со своите пријатели

Метју Розенгарт е новиот адвокат на Бритни Спирс и побара итна суспензија на нејзиниот татко Џејми Спирс како старател.

Loading...

Имено, адвокатот е загрижен за нејзиното ментално здравје и вели дека секој ден што Џејми го поминува како старател на Бритни, нејзината траума и несоница стануваат полоши, пренесува ТМЗ.

Тој побара од Бренда Пени, која е судија во овој случај, да го одржи следното рочиште овој месец, наместо закажаното за 29 септември.

 

 

– Емоционалното здравје и благосостојба на г-ѓа Спирс мора да бидат и се најважната грижа. Сите засегнати страни се согласуваат дека континуираното присуство на г-дин Спирс како старател е спротивно на најдобрите интереси, здравје и благосостојба на г-ѓа Спирс. Барем итна суспензија во овој случај – Метју Џоди Монтгомери, еден од личните старатели на Бритни Спирс, беше цитиран во неговото барање да го отстрани Спирс од позицијата старател.

Таа додаде дека многу пати разговарала со медицинскиот тим и сите се согласиле дека е најдобро за менталното здравје на Бритни, господинот Спирс да не биде старател.

Loading...

– Старателството стана се повеќе токсично и едноставно веќе не е одржливо. Покрај лишувањето од достоинство, автономија и одредени основни слободи на својата ќерка, Спирс е виновен и за проневера или злоупотреба што го оправдува барањето надомест или друга правна постапка против него – додаде Розенгарт.

 

 

– Иако двомесечното чекање за сослушување на предлогот можеби не изгледа значајно во контекст на 13 години, г-ѓа Спирс не треба да биде принудена да продолжи да се трауматизира и да продолжи да страда. Секој ден е важен – заклучи и додаде дека Џејми Спирс потрошил значителни суми пари за адвокати и „медиумски работи“ и дека ова трошење пари на Бритни треба да престане.

Розенгарт додаде дека доколку судот не го помести рочиштето, судијата треба да го суспендира Џејми од сите должности. Судот се уште не одлучил по барањето.

Leave a Reply