Захарова за Белгород: Уште еден терористички чин на Киев

Сподели со своите пријатели

Денешниот напад на украинските сили врз Белгород, во кој загинаа невини цивили, меѓу кои и едно дете, Русија ќе го претстави пред релевантните меѓународни организации и Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Уште еден терористички чин на режимот во Киев донесе смрт кај цивилите“, напиша Захарова на Телеграм.

Шест лица загинаа, а 17 се повредени во ракетен напад на украинските сили врз трговски центар во Белгород, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил 14 проектили над градот, кои биле истрелани од повеќецевниот ракетен систем РМ-70 „вампир“.

Како што истакнува руската страна, украинската армија поради неуспесите на фронтот и сè поретката помош од Западот, сè повеќе прибегнува кон терористички методи и намерно гаѓа цивилни цели со оружје што го добила од САД и другите земји на НАТО.

Теророт што го користи режимот во Киев дополнително ја влошува украинската криза и ги одложува изгледите за нејзино мирно решавање, истакна тогаш Марија Захарова.

Последните напади на украинската армија врз населбите и местата каде што се собираат цивили во Белгород, Доњецк и Лисичанск, кои резултираа со смрт на голем број невини луѓе, претставуваат безмилосно и намерно таргетирање исклучиво цивилни објекти, изјави секретарот на Советот за за безбедност на Русија Николај Патрушев, пренесува РТ Балкан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...